Top Sport

Му се оди на карневалот во Рио – Нејмар со намера добил црвен картон?

Нејмар е тема на денот во Франција. Бразилецот поради дивјачки старт беше исклучен против Бордо, а медиумите се сигурни дека стартот во 92 минута поради што го добил вториот жолт картон, бил направен со намера.

Во петокот француските медиуми се занимаваа со темата Нејмар и можноста тој по пет години, поради обврските во клубот, да го пропушти карневалот во Рио де Жанеиро.

Начинот на кој Нејмар е „ослободен“ од обврските е сомнителен. Фаулот што го направи, не само што беше во 92 минута, туку го направи далеку од својот гол и без потреба.

На сите им е познато дека од 2015 година, во овој период од годината, Бразилецот е или мистериозно повреден или е суспендиран поради жолти картони.

Французите се убдени дека тој и оваа година не сакал да го попушти карневалот во Рио.

Не е познато колкава суспензија ќе добие, но се претпоставува дека ќе ги попушти наредните два натпревари во првенството. Доволно да си земе „одмор“ од три-четири дена, бидејќи најпознатиот светски карневал трае до 26 февруари.

Дивјакот Нејмар (Видео)

Scroll to Top