Фудбалскиот сојуз на Шкотска воведе ново правило за фудбалерите помлади од 12 години.
Шкотите решиле да забранат игра со глава на тренинзите и натпреварите за сите фудбалери помлади од 12 години.
Новото правило е донесено по опсежните истражувања на Универзитетот во Глазгов кои ја докажале врската помеѓу овој елемент на фудбалската игра и деменцијата.
Во фудбалскиот сојуз на Шкотска сега ја разгледувале можноста правилото да го воведат во младинскиот фудбал, односно да важи до возраст од 17 години.