Top Sport

МЗТ спогодбено се раздели со Радуловиќ и Морнар

Челниците на МЗТ Скопје ја раскинаа соработката со двајца странски кошаркари. Клубот, во понеделникот, спогодбено ја раскинал соработката со Србинот Бојан Радучовиќ и Хрватот Марин Морнар.

Во пресрет на паузата поради репрезентативните натпревари МЗТ соопштија дека ќе има промени во ростерот на тимот.

Морнар одиграл 18 натпревари во регионалното натпреварување со просек од 5,1 поени и 2,7 скока, додека Радуловиќ настапи на 11 средби со просек од 2,5 поени и 2,8 скока.

Нивните места во составот веќе ги пополнија турскиот интернационалец Рагип Атар и Американецот Феми Олуџоби.

фото/mztskopjeaerodrom.mk

Scroll to Top