Во еден од најинтересните случаи на трошење на време во светот на фудбалот, јужноафриканскиот клуб Мамелоди сандаунс успеаја да ја донесат вештината до ниво на уметност.
Мамелоди имаа 2:1 предност против Бломфонтеин селтик, и во 81. минута добија корнер, а додека го изведоа веќе беше 86. минута. Во овие пет минути, тројца фудбалери на Сандаунс добија жолт картон, а тренерот дополнително се вмеша со една замена.
Сандаунс последните две сезони ја освојуваат јужноафриканската титула, но во моментов заостануваат четири поени зад Кајзер чифс, каде што гостуваат следната недела.