Top Sport

Пике „провоцира“ сред Неапол: Меси секогаш пред Марадона!

Пристигнуваето на Лео Меси во Неапол пред дуелот од Лигата на шампионите, веднаш донесе безброј споредби на аргентинскиот гениј на Барселона со неговиот легендарен сонародник, Диего Марадона, кој секако, има статус на најголемиот во градот под Везув.

За свој коментар на прес-конференцијата пред мечот беше запрашан и Жерард Пике.

„Мислам дека за Марадона е кажано сè, тој е уникатен фудбалер кој даде многу на овој спорт. Играше за Барселона и за Наполи и ќе биде запаметен засекогаш. Меѓутоа, ако ме прашувате за споредба помеѓу Марадона и Лео, секогаш ќе го изберам Меси поради неговата постојаност, поради неговата магија која трае толку години. Не сум зборувал со него за играње на ’Сан Паоло’, но сигурен сум дека сака да се обиде на нов стадион, за него и за неговата историја. Најважно е да се вратиме дома со добар резултат“, изјави Пике.

Тој додава дека Барселона мора да биде внимателна со Наполи.

„Од Наполи можеш да стравуваш од многу фудбалери, и иако не ја почнаа сезоната добро, во последно време играат одлично. Имаат многу добри фудбалери како Мертенс, Инсиње и Милик и мораш да внимаваш на секој чекор“, додава Пике.

Инсиње: Не можете да ги споредувате Марадона и Меси

Scroll to Top