Вест хем до 68. минута на „Енфилд“ беа на чекор до сензационален резултат, водејќи со 2:1 над Ливерпул, пред „црвените“ да се соземат и да направат пресврт за 3:2 триумф за уште еден чекор кон првата титула од Премиер лигата по 30 години пауза.
Дека ќе биде интересно во последниот дуел од 27. коло во Премиер лигата, „чеканите“ најавија уште во 12. минута – иако само три минути претходно Георгино Вајналдум ги донесе Ливерпул во водство, Вест хем израмни преку Иса Диоп. Овој резултат беше активен до 54. минута, кога Пабло Форналс донесе неочекувано 1:2 водство за тимот под водство на Дејвид Мојс.
Во 68. минута од мечот, Ливерпул, конечно, израмни Мохамед Салах, за во 81. минута, Садио Мане да го комплетира пресвртот за 3:2 водство на „црвените“. Сане во 88. минута уште еднаш ја смести топката во гол, но овојпат тој беше поништен поради офсајд.
На крајот, Ливерпул стигна до својот 26. триумф за да ја врати предноста пред Манчестер сити на 22 поени, додека Вест хем сега се во зоната за испаѓање, на 18. место со 24 поени, еден помалку од Астон вила.