Top Sport

Матиќ си оди од Манчестер Јунајтед

Српскиот репрезентативец Немања Матиќ по завршувањето на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Неговите застапници веќе започнале преговори со неколку клубови, а се претпоставува дека тој кариерата ќе продолжи во Серија А.

Манчестер Јунајтед нема да ја искористат опцијата автоматски на уште една година да му го продолжат договорот на Матиќ, што значи дека тој во слободен трансфер летово ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Матиќ им бил понуден на Интер, Јувентус и Милан.

И во минатото српскиот репрезентативец бил поврзуван со трансфер во некој од овие тимови.

Милан одговориле негативно, најмногу поради високите примања што ги има во Јунајтед (неофицијално девет милиони евра), Јувентус ги одложиле преговорите, додека Интер биле заинтересирани.

Сепак во Интер ќе почекаат бидејќи прв пик на тренерот Антонио Конте е Артуро Видал.

Матиќ не мора да се грижи за иднината, тој наредната сезона сигурно ќе настапува во врвен тим, бидејќи во зимскиот преоден рок сериозен интерес за него покажуваа Борусија Дортмунд и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top