Познатиот фудбалски менаџер Фаљи Рамадани наредната недела во Националниот суд во Мадрид ќе се соочи со обвинувањата за перење пари. Шпанските медиуми пишуваат дека Централната оперативна единица заедно со Еуропол извршиле претрес во домот на Рамадани и откаде бле одземени одредени документи.
Рамадани е менаџер на многу светски познати фудбалери, меѓу другите тој ги застапува интересите на Стеван Јоветиќ, Лука Јовиќ, Миралем Пјаниќ, Самир Хандановиќ…како и на тренерот на Јувентус Маурицио Сари.
Шпанските колеги тврдат дека со истрагата ќе бидат опфатени сите големи трансфери што ги направил Рамадани во својство на менаџер.
Меѓу нив се трансферите на Савиќ од Фиорентина во Атлетико Мадрид, Лука Јовиќ од Ајнтрахт во Реал…
Агенцијата на Рамадани „Лиан спортс“ ќе биде предмет на понатамошна истрага под сомнение дека Рамадани и неговиот партнер Никола Дамјанац (поранешен голман на Партизан), незаконски заработувале пари преку фиктивни трансфери преку клубови во Србија, белгија и Кипар, а потоа тие пари ги вложувале во недвижен имот во Шпанија.
Во овој процес покрај Рамадани обвинет е и неговиот партнер Дамјанац.