Челси по завршувањето на сезоната ќе се обидат на сите начини да го продадат најскапиот голман во светот Кепа Аризабалага и да донесат нов чувар на мрежата. Кепа се наоѓа во лоша форма, тренерот Френк Лампард нема доверба во него, поради што на последните четири натпревари прв голман е ветеранот Вили Кабаљеро.
Англиските медиуми пред неколку недели тврдеа дека Челси за следната сезона го планираат голманот на Барнли Ник Поуп.
Споритвно на овие тврдења медиумите од Шпанија шпекулираат дека Челси би сакале да го донесат голманот на Алетико Мадрид, Јан Облак.
Наводно тие веќе испратиле понуда на „Ванда Метрополитано“ за Словенецот. За Облак го понудиле Кепа и 30 милиони евра.
Челси пред две години на Атлетик Билбао за Кепа Аризабалага им платија 80 милиони евра. Облак, од друга страна минатата сезона го продолжи договорот со Атлетико и неговата откупна клаузула изнесува 120 милиони евра.