Менаџерот на Саутемптон, Маурисио Пелегрино потврди дека е заинтересиран да го врати Тео Волкот од Арсенал, откако ги победија Фулам со 1:0 во ФА купот за да ја прекинат низата од девет меча без победа.
По продажбата на Виргил ван Дајк за огромни 75 милиони фунти, Саутемптон може да размислува за засилување на нападот. Волкот играше во Саутемптон до 2006 година.
„Разговарав за него, но не знам до каде се преговорите и каков е пазарот. За играч од негов калибар има многу опции, така што нема да биде лесно. Со него би биле многу посилни“, вели Пелегрино.