Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс вели дека не е изненаден од сјајните игри на младиот Зајон Вилијамсон.
Лејкерси синоќа во „Стејплс центарот“ славеа против Вилијамсон и Њу Орлеанс Пеликанс, и сега се на чело на Западната конференција.
Џејмс мечот го заврши со 40 поени, што е негов рекорд сезонава.
„Ја читав одбраната, играв пик енд рол и ги натерав да платат за своите грешки. Чиста агресивност од моја страна. Овде играат најдобрите дефанзивци на светот и сите бараат предизвик, па морам на секој дуел да сум максимално добар и да земам се што ми даваат“ вели Леброн Џејмс.
Вилијамсон конечно (по повредата уште од претсезонскиот период) доби можност да игра и изгледа сјајно на теренот, но тоа не е изненадување за првата ѕвезда на „езерџиите“.
„Многу е експлозивен и брз за својата тежина и воопшто не сум изненаден од начинот на кој игра. Можам да зборувам само за неговата кошаркарска иднина, за овие 10 меча колку што одигра покажа дека е сјаен кошаркар и наговести дека допрва ќе напредува. Умее да игра во брз ритам и да се снајде во тој брз проток на топката“ – вели Леброн.