Пензионираниот американски боксер, Флојд Мејведер за својот 43-ти роденден организирал забава во ноќен клуб во Лос Анџелес.
Славјето било зачинето со стриптизерки, затоа што боксерот неодамна купил свој стриптиз-клуб во Лас Вегас.
Девојките биле атракција на вечерта. Славеникот им дал голема количина пари.
Сепак, на крајот се испостави дека се работи за неважечки банкноти.
Наместо долари со ликот на Бенџамин Фреклин, Мејведер на стриптизерките им давал пари со неговиот лик.