Top Sport

Хендикеп за Баерн – повреден е Роберт Левандовски!

Фудбалерите на минхенски Баерн синоќа во Лондон го совладаа Челси со 3-0 во првиот осминафинален дуел од нокаут фазата на ЛШ, но доживеаја голем хендикеп во важен период од сезоната.

Голгетерот Роберт Левандовски кој синоќа постигна еден гол, а имаше и две асистенции е повреден. Тој на дуелот заработил повреда на левото колено, па прогнозите се дека надвор од терените ќе биде најмалку 4 недели.

Пред Баварците е можеби клучен период затоа што Лајпциг „им дише во врат“ во Бундеслигата, а ги чека и реваншот против Челси.

Полскиот фудбалер сезонава има 23 настапи ов германското првенство, на кои постигна 25 гола.
Одличен е и во ЛШ, на 6 меча постигна 11 гола.

Повредата за него доаѓа во период кога е во трка со Чиро Имобиле (Лацио) за „Златна копачка“.

Левандовски во наредните 4 недели најверојатно ќе ги пропушти дуелите нагости кај Хофенхајм, Шалке и Унион Берлин, како и домашните мечеви со Аугсбург и лондонски Челси.

Scroll to Top