Норвежанецот Ерлинг Халанд со своите настапи и голови сезонава е вистинско откровение. Тој во зимскиот преоден рок ја засили Борусија Дортмунд, а до сега успеа да постигне 8 гола во Бундеслигата. Ако се собере неговата вкупна статистика сезонава (Салцбург и Борусија Дортмунд) се доаѓа до бројка од 39 гола на 29 меча. Плус и 8 асистенции.
Сепак, и во женскиот фудбал има колешка која парира на неговата статистика.
Се работи за холандската фудбалерка, 23-годишната Вивиане Миедема која е членка на женскиот тим на лондонски Арсенал.
Таа сезонава има 24 настапи за Арсенал, зачинети со 29 гола. Таа постигнала 10 гола на 4 меча, за вкупно 313 минути игра, што доведува до просек од гол на секој 32 минути.
Халанд постигна 10 гола од 19 удари, а Миедема има ист ефект на погодоци, само од 22 удари.