Атлетико Мадрид добија казна од 12.000 евра од Кралската шпанска фудбалска федерација (РФЕФ) откако навивачите на клубот пееја „Умри, Гризман, умри“ кон својот поранешен миленик Антоан Гризман на мечот меѓу двата тима минатиот декември.
Ова беше прво гостување на Гризман на „Ванда метрополитано“ откако тој го направи трансферот во Барселона, и навивачите, кои го сметаа за предавник за овој трансфер, не го оставија на мир.
Федерацијата потврди дека казната доаѓа по барање на шпанската Ла лига, бидејќи во записникот на судијата за мечот на 1 декември немаше забелешка за вакви извици.