Поразот од Манчестер сити и извесната елиминација уште во осмина-финалето во Лигата на шампионите ја отвори Пандорината кутија на „Сантијаго Бернабеу“.
Мдедиумите и јавноста не ги штедат избраниците на Зинедин Зидан кои беа во подредена положба пред Манчестер сити.
Повторно е покрената темата за засилување во нападот. Лука Јовиќ е платен 60 милиони евра, а има постигнато само два гола сезонава, Азар е повреден, додека Бензема е во лоша форма, од почетокот на годината само два пати бил стрелец.
Јавна тајна е дека Килијан Мбапе е желба на сите во клубот. Но тој трансфер тешко дека ќе биде реализиран ова лето. ПСЖ за Мбапе бараат преку 200 милиони евра.
Поради тоа шпанските медиуми во прв план го исфрлија Мохамед Салах.
Египќанецот игра одлично во Ливерпул, но Јирген Клоп би прифатл сума од околу 130 милиони евра.