Top Sport

Нурмагомедов за Мекгрегор: Сакам вистински, а не лажни предизвикувачи

Хабиб Нурмагомедов, светскиот првак во лесна категорија, титулата ќе ја брани во април против Тони Фергусон. Во екот на подготовките за борбата со Фергусон, Дагестанецот, не заборава да испука „отоврни стрели“ кон големиот ривал Конор Мекгрегор.

„Во ред е ако зборуваме за парите, во ред е и ако зборуваме за драмата. Но не во ред ако зборуваме за вистинските предизвикувачи и за вистинска тепачка. Ова не е вистинска тепачка…Морам да победам цврсти противници…вистински, а не лажни предизвикувачи“, рекол Нурмагомедов со што уште еднаш ставил до знаење дека нема да му овозможи реванш на Мекгрегор.

Дагестанецот го победи Ирецот во октомври 2018 година.

За потсетување, пред неколку недели таткото на Нурмагомедов рекол дека реприза на дуелот со Мекгрегор може да има само доколку на неговиот син му платат 100 милиони долари.

Scroll to Top