Австриецот Марсел Хиршер победи на слаломската трка која се возеше во Аделбоден и дополнително ја зголеми предноста во вкупниот пласман во Светскиот куп.
Хиршер по двете трки имаше вкупно време 1:50.94 минути. Втор на целта со 13 стотинки послабо време од Австриецот стигна неговиот сонародник Михаел Мат, трет заврши Хенрик Кристоферсен од Норвешка.
Марсел Хиршер и вчера победи на слаломот во Аделбоден и сега има вкупно седум победи на оваа патека во кариерата. Исто така Австриецот ја забележа третата победа во последните четири дена.
Хиршер победи на последните четири слаломски трки во сезоната, а вкпно во кариерата има 52 победи.
Австриецот води во генералниот пласман со 874 бода, а со денешното трето место на втората позиција се проби Крисоферсен со 720 поени. Хиршер води и во поредокот за слалом, има 99 бода повеќе од Норвежанецот.
Натпреварите во Светскиот куп, во машка конкуренција ќе продолжат во Венген.