Top Sport

Клоп: Не можевме да го задржиме Кутињо

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп рекол дека било невозможно клубот да го задржи Фелипе Кутињо бидејќи неговата желба да се пресели во Барселона била преголема.

Барселона во саботата го потврди трансферот на Бразилецот, кој изнесува 160 милиони евра. Кутињо потпиша пет и пол годишен договор, а откупната клаузула изнесува 400 милиони евра.

„Многу сме несреќни што не напушти добар пријател, одличен човек и неверојатен фудбалер. На сите им е познато дека уште минатото лето сакаше да замине во Барселона. Инсистираше да замине. Се надевавме дека тој ќе го смени мислењето доколку во летниот преоден рок успееме да го задржиме. Ги уверувам навивачите на Ливерпул дека клубот направи се за да го задржи, но тој беше 100 отсто сигурен дека неговата иднина е во Барселона“, рекол Клоп.

Фелипе Кутињо во Ливерпул пристигна во 2013 година од Интер и во 152 натпревари постиган 41 гол.

Scroll to Top