Top Sport

Ѓоковиќ се враќа против Хјуит

Новак Ѓоковиќ првиот меч по шестмесечната пауза ќе го одигра на турнирот „Тај брејк тенис“ против легендата на австралискиот тенис Лејтон Хјуит.

Србинот нема играно уште од четврт-финалето на Вимблдон минтата година кога му го предаде мечот по еден одигран сет на Томаш Бердих. Кон крајот на годината тој го откажа настапот на егзибицискиот турнир во Абу Даби, а потоа и на турнирот во Доха каде требаше да ја брани титулата.

Ѓоковиќ и Хјуит ќе го отворат овој турнир на „Маргарет Корт“ теренот.

Србиот води против Австралиецот во меѓусебните дуели со 6:1, а последен пат играле во 2012 година на Олимписките игри во Лондон кога Ѓоковиќ победи 4:6, 7:5, 6:1.

Мечевите на овој турнир се играат по принципот на тај-бреј до десет освоени поени, а покрај Ѓоковиќ и Хјуит во четврт-финалето ќе играат Лука Пуи-Рафа Надал, Томаш Бердих-Ник Кирјос и Стан Вавринка-Доминик Тим.

Турнирот се игра од 10 до 15 јануари, а наградниот фондд изнесува 250.000 долари.

Scroll to Top