Како загревање за вечерашното „Ел класико“, попладнево донесе уште еден дуел на два тима од Мадрид и Барселона, откако Атлетико Мадрид одигра само 1:1 на гостувањето кај Еспањол, последнопласираниот тим во Ла лига.
Стефан Савиќ во 24. минута си постигна автогол за неочекувано водство на Еспањол на „РЦДЕ“ стадионот во Барселона, пред Саул Нигуез во 47. минута да израмни за тимот на Диего Симеоне. Домашните навивачи беа бесни откако не им беше досуден очигледен пенал и покрај интервенцијата на ВАР системот.
? #RCDE pic.twitter.com/XMsB6yIWkf
— PericosOnline (@pericosonline) March 1, 2020
Овој резултат значи дека Атлетико се на четвртото место во Ла лига со 44 поени, дури 11 зад лидерот Барселона пред вечерашното „Ел класико“. Еспањол остануваат на последното место, сега со 20 поени, колку што има и претпоследниот Леганес, и пет поени од безбедната зона.