Top Sport

Рој Кин: Да бев таму, ќе го линчував Де Хеа!

Легендата на Манчестер јунајтед, Рој Кин не можеше да се смири по бизарната грешка на Давид де Хеа на почетокот на мечот со Евертон, кога шпанскиот голман наместо да ја исфрли топката го погоди Доминик Калверт-Луин и топката заврши во неговата мрежа.

„Да бев менаџер или фудбалер? Ќе го убиев. Искрено, ќе го убиев. Се прави премногу умен, наместо да ја исфрли топката. Што чекаше? Ако правите таква одлука, направете ја бргу. Јунајтед се бори за топ 4, имате искусен голман кој прави вакви работи. Мислам дека беше арогантен. Ќе го линчував на полувреме“, вели Кин.

Тој не беше импресиониран ниту од голманот на Евертон, и англиски репрезентативен голман, Џордан Пикфорд, кој направи грешка при ударот на Бруно Фернандеш и топката му помина меѓу раце.

„Топката се движела? Па, нормално, некој ја шутнал. Не ми треба да ги гледам бројките, не е важно дали е број 1 во Англија. Тој едноставно не е добар голман“, оценува Кин.

Околу контроверзниот поништен гол на Евертон, тој вели дека соиграчите на Гилфи Сигурдсон треба да му се лутат што толку време остана на теренот.

Јунајтед и Евертон имаа „очајни“ голмани, „волците“ го суредија Тотенхем (видео)

Scroll to Top