Рускиот нуркач, Алексеј Молчанов постави нов светски рекорд откако исплива 181 метри под замрзнатата вода во Москва, и тоа во чест на неговата мајка, која исчезна додека нуркаше во Шпанија во 2015 година.
Молчанов го заддржа здивот повеќе од две минути, поминувајќи 181 метри под мразот на каменоломот Амерјев, подобрувајќи го претходниот рекорд на Французинот Артур Герин-Бери, кој во 2017 успеа да нурка до 175 метри.
Молчанов е син на славната руска шампионка Наталија Молчанова, која го имаше прекарот „кралицата на нуркањето“, која исчезна при нуркање во Шпанија, а рекордот доаѓа пред премиерата на филмот „Еден здив“ во нејзина чест.
„Отидов на 181 метри во првото нуркање под мраз, а решив тоа да се случи тука, бидејќи тука е сниман филмот за мојата мајка“, вели Молчанов.
?♂ Пловец-фридайвер Алексей Молчанов в подмосковном Щёлкове установил новый мировой рекорд — он проплыл подо льдом без кислородного баллона, на одном дыхании 180 метров в ледяной воде. pic.twitter.com/k2JXqaDvTF
— Москва 24 (@infomoscow24) February 26, 2020