Top Sport

Звезда и Партизан без голови на теренот, многу бурно на трибините (видео)

Во 162. вечно белградско дерби, Црвена звезда и Партизан одиграа 0:0, за „црвено-белите“ да ја заддржат предноста на првото место на табелата на 11 поени, во меч во кој повеќето работи се случуваа на трибините на „Рајко Митиќ“ – тепачки меѓу навивачите, фрлање факли, мал пожар…

Во првиот меч на поранешните соиграчи од репрезентацијата, Саво Милошевиќ (Партизан) и Дејан Станковиќ (Звезда) како тренери на ривалите, немаше многу атрактивен фудбал и уште помалку акции пред голот на двата тима.

Пред мечот, навивачите беа во елемент – прво двете фракции на „Гробарите“ се тепаа меѓу себе, за на почетокот на второто полувреме да предизвикаат прекин со огнената кореографија, а во текот на второто полувреме имаше и мал пожар на овој дел од трибините, каде што беа запалени дел од столчињата.

По паузата во 52. минута поради чадот на стадионот, десетина минути подоцна и „Делиите“ предизвикаа прекин поради огнометот.

Scroll to Top