Кристијано Роналдо синоќа на „Сантијаго Бернабеу“ навиваше за Реал во дербито против Барселона. Потугалецот со Јувентус не играа против Интер поради коронавирусот, поради што решил да се појави во Мадрид.
Еден од хероите на Реал, Винисисус Жуниор, открил дека Роналдо на полувремето влегол во соблекувалната на „кралскиот клуб“ за да им даде поддршка на ирачите.
Ден по натпреварот се огласи новинарот Еду Агире со објавата дека Роналдо бил пресреќен што имал можност да го следи натпреварот. Наводно Роналдо новинарот му рекол дека имал желба да се врати во Реал.
„Знам дека Роналдо сака да се врати во Мадрид, ми го кажа тоа. Беше возбуден синоќа кога пристигна на стадионот и воодушевен од тоа како го пречекаа навивачите. Сигурно е дека во моментов тој е фокусиран на Јувентус, но во фудбалот сѐ е можно. Никој не може да знае што носи иднината, но Роналдо сака да е врати, доколку е тоа можно“, тврди новинарот Агире.