Top Sport

Куртоа израми рекорд стар 45 години

Тибо Куртоа израмни рекорд стар 45 години. Белгиецот успеа да остане незовладан во двата натпревари оваа сезона што Реал ги одигра против Барселона.

Реал, синоќа, ја победи Барселона со 2:0, а еден од јунаците беше Куртоа. Голманот имаше четири врвни интервенции со кои успеа да ја сочува својата мрежа. Првиот натпревар сезонава што го одиграа во Барселона заврши без голови.

Прв пат од сезоната 1974/75 Реал во натпреварите се Барселона излезе без примен гол. Таа сезона Реал победил со 1:0 во првото дерби, а второто завршило 0:0.

Scroll to Top