Коронавирусот може да го елиминира Виртус од Болоња од понатамошните натпревари во кошаркарскиот Еврокуп.
Италијанскиот клуб треба во среда да гостува во Истанбул кај Дарушафака. Победникот од овој натпревар ќе го освои второто место во групата и ќе продолжи во нокаут фазата.
Сепак, можно е Дарушафака службено да го добие натпреварот, бидејќи Виртус немале начин како да стигнат до истанбул.
Поради коронавирусот Турција ги забрани сите летови од Италија, а Евролигата нема намера да го одложи натпреварот од Еврокупот.
„Имам сериозен проблем со Виртус. Клубот треба да игра во среда, а не може да отпатува за Турција. Клубот не може да отпатува,а од Евролигата ни кажаа дека тоа не е нивни проблем. знам дека Виртус ја известија Евролигата, а добиле одговор дека ќе го загубат натпреварот доколку не с епојават. Тие луѓе не го разбираат спортот“м рекол првиот човек на Кошаркарскиот сојуз на Италија Џани Петручи.