Top Sport

Заврши сезоната за Деулофеу

Фудбалерите на Вотфорд, во саботата, приредија вистинска сензација со убедливиот триумф над Ливерпул. „Стршлените“ им го нанесоа првиот пораз сезонава на Ливерпул и освоија важни бодови во борбата за опстанок.

Сепак Вотфорд скапо ја платија победата над големиот фаворит. Во второто полувреме се повреди најдобриот играч на овој тим Џерар Деулофеу.

Вотофорд потврдија дека поранешниот играч на Барселона и Милан ги скинал предните вкрстени лигаменти во коленото и дека за него сезоната е завршена.

Сезонава Деулофеу настапил на 28 натпревари за Вотфорд на кои постигнал четири гола и забележал пет асистенции.

Scroll to Top