Top Sport

Мајк Дин даде жолт картон за сарказам, но не и за груб фаул (видео)

Англискиот судија Мајк Дин реши да му даде жолт картон на Матео Гендузи за „сарказам“, откако претходно не даде ниту картон за грубиот фаул над Лукас Тореира, кој беше изнесен на носилки по еден груб старт на Џејмс Болтон во мечот на Арсенал против Портсмут во ФА купот.

Арсенал се обидуваше да направи контранапад, и Гендузи сакаше да изведе брз фаул, но Дин го повика назад бидејќи топката уште се тркалаше. По ова фудбалерот од средниот ред саркастично ја зеде топката и ја стави на земјата за да осигура дека не се движи, за што доби жолт!

Scroll to Top