Прославениот голман Валтер Зенга ќе биде новиот тренер на Калјари, објавија италијанските медиуми. Зенга на клупата на екипата од Сардинија ќе го наследи Роландо Маран кој доби отказ поради серијата на лоши резултати.
Калјари не успеале да победат во Серија А на последните 11 натпревари. Од 2 декември до денес тие освоиле само пет бода. Поради тоа Маран доби отказ.
Зенга е големо име на италијанскиот голман и некој кој може да ги врати Калјари на вистинскиот пат. Негов помошник ќе биде Макс Канци кој досега го тренираше резервниот тим.
Овие двајца добро се познаваат, Канци му беше помошник на Зенга кога тој ја предводеше Црвена звезда.
Калјари се наоѓа на 11 место во Серија А со 32 бода.