Top Sport

Вардар против Пик Сегед на 22 и 29 март

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди терминита за одигрување на осмина-финалните натпревари во Лигата на шампионите.

Бранителот на трофејот Вардар во оваа фаза за противник ќе го има унгарскиот тим Пик Сегед.

Црвено-црните ќе го пречекаа Пик Сегед, во првиот натпревар, на 22 март. Натпреварот во СЦ „Јан Сандански“ ќе започне во 17 часот.

Унгарците ќе го возвратат домаќинството седум дена подоцна, на 29 март. И реваншот ќе се игра во терминот од 17 часот.

Термини за одигрување на осмина-финалните натпревари:

Динамо Букурешт-Пари Сен Жермен (22 и 28 март)
Висла-Веспрем (22 и 28 март)
Цеље-Кјлеце (21 и 28 март)
Порто-Алборг (21 и 29 март)
Фленсбург-Монпелје (18 и 29 март).

фото/ehfcl.com

Scroll to Top