Винс Картер на Олимписките игри во Сиднеј, во 2000 година, го изведе најдоброто забивање на сите времиња. „Ер Канада“ го прескокна, во финалниот меч 218 сантиметри високиот центар на Франција Фредерик Вајс.
Забивањето не легендарно, но на тие Олимписки игри репрезентативците на САД имале друга цел, да забијат преку 229 сантиметри високиот Јао Минг.
Детали открива Кевин Гарнет.
„Имавме облог внатре во тимот. Првиот кој ќе успее да забие преку Јао Минг би добил милион долари. Сите се обидовме, но никој не успеа. Секогаш не блокираше или обидот беше неуспешен“, рекол Гарнет и потоа го опишал забивањето на Картер преку Вајс.
„Кога видов што направи викнав: ‘Освои милион’. Меѓутоа потоа ми стана јасно дека тоа не е Јао“.