Предвидените реванши во рамките на полу-финалето во Купот на Италија нема да се одиграат вечерва и утре. Откако најпрвин беше одложен реваншот помеѓу Јувентус и Милан, Серија А објави утре нема да има фудбал ниту на „Сан Паоло“ во Неапол.
Серија А поради епидемијата на коронавирусот го одложи дуелот Наполи-Интер. Дополнително ќе се бараат термини за одигрување на овие натпревари.
Серија А веќе е соочена со големи проблеми поради големиот број на одложени натпревари.
Најавите се дека италијанската влада денес ќе донесе одлука да г забрани сите спортски натпревари до крајот на овој месец.