Top Sport

Дарушафака и Виртус ќе играат во Белград

Евролигата донесе одлука натпреварот помеѓу Дарушафака и Виртус да се одигра в четврток во Белград. По овој дуел ќе биде познато која екипа ќе го освои второто место во Е-групата и ќе ги продолжи натпреварите во Еврокупот.

Натпреварот Дарушафака-Виртус требаше да се одигра велерва во Истанбул, меѓутоа бидејќи турските власти поради коронавирусот ги имаат забрането сите летови од Италија, Евролигата експресно најде решение.

Натпреварот ќе се одигра утре во „Штар арена“ во Белград со почеток во 18.15 часот.

Инаку првото место во Е-групата веќе го обезбеди Партизан.

Scroll to Top