Фудбалската ѕвезда Роналдињо и неговиот брат Роберто Асис биле уапсени во Парагвај. Тие во државата влегле со фалсификувани пасоши.
Оваа вест ја објавија парагвајските медиуми, а за бразилски „О Глобо“ ја потврдиле од полицијата на Парагвај. Министерот Еуслидес Асеведо открил дека инспекторите влегле во претседателскиот апартман во хотелот „Јахт и Голф клуб“, во кој отседнал Роналдињо.
Инспекторите извршиле претрес и нашле фалсификувани пасоши, на име на Роналдињо и неговиот брат.
„Законот мора да се почитува. Имаме информација дека фалскификувале документи“, рекол Асеведо за радиот „Нандути“.
Локалните медиуми пишуваат дека прагвајските власти, од моментот кога Роналдињо влегол во државата знаеле дека документите се фалсификувани. Не го уапсиле веднаш на аеродромот за да не го привлечат вниманието на медиумите.
Според полицијата притворен бил и човекот што им ги набавил пасошите. Роналдињо и неговиот брат биле притворени во хотелот, а во текот на денот ќе бидат изведени пред судија.
Роналдињо во средата пристигнал во Парагвај за да ја промовира новата книга „Гениј на животот“ и да присуствува на еден хуманитарен настан.