Top Sport

Даер предизвика скандал – сакаше физички да се пресмета со навивач (Видео)

Тотенхем испадна од Норич во ФА купот, а цела Англија зборува за инцидентот што го предизвика Ерик Даер по завршувањето на натпреварот.

Даер по завршувањето на натпреварот влегол на трибините за да се пресметка со еден навивач.

Навивачот го навредувал Даер и неговиот брат. Навредите фудбалерот не можел да ги истрпи па се качил на трибините.

„Ерик направи нешто што ние професионалците не би требало да го правиме, но во таква ситуација веројатно секој од нас би сакал да го направи истото. Го разбирам. Тој навивач го навредуваше цело време, а на трибините беше и неговото семејство, беа во непосредна близина…“, застанал во одбрана на својот фудбалер Жозе Мурињо.

На прашањето дали Даер ќе биде казнет поради она што го направи Мурињо рекол.

„Доколку клубот реши да го казни јас нема да се согласам со тоа ниту ќе дадам поддршка да биде казнет“.

Scroll to Top