Кошаркарите на Далас Маверикс, по едно продолжение, забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 127:123. По овој меч Лука Дончиќ влезе во историјата на оваа франшиза.
Дончиќ натпреварот со Пеликанс го заврши со 30 поени, 16 скока и 10 асистенции. Словенецот го забележа 22 трипл-дабл во кариерата и на првото место на клупската листа го мина легендарниот Џејсон Кид.
Покрај Дончиќ во 38 сезонска победа на Далас се истакнаа Кристапс Прозингинс со 34 поени и 12 скока, односно Сет Кари со 21 поен.
Најдобри играчи на Пеликанс беа Брендон Инграм (27 поени), Лонзо Бол (25 поени, 11 скока) и Зајон Вилијамсон (21 поен, 6 скока).