Top Sport

Извлечени се полу-финалните двојки во Купот на Макеоднија

Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија во четвртокот беа извлечени полу-финалните двојки во национаниот Куп.

Ждрепката ги раздвои фаворитите во оваа фаза, освојувачите на последните две изданија на купот, Академија Пандев и Шкендија.

Актуелниот освојувач на трофејот Академина Пандев ќе игра против единствениот второлигаш во оваа конкуренција Брегалница, додека Струга Трим Љум за противник ја доби Шкендија.

Првите средби ќе се одиграат на 8 април, а реваншите се закажани за 6 мај.

Scroll to Top