Top Sport

Единаесетгодишна Сиријка ќе настапи на ОИ во Токио

Девојче од Сирија кое има 11 години избори настап на Олимписките игри во Токио. Хенд Заза победи на азиските квалификации во пинг-понг. Таа ќе биде најмладата спортистка што ќе настапи на Игрите.

Хенд Заза, според достапните податоци, ќе биде петтата најмала учесничка на едни Олимписки игри.

Нјмлад учесник бил грчкиот гимнастичар Димитриос Лундрас кој на првите модерни Игри во 1896 година во Атина настапил на десетгодишна возраст.

На Олимписките игри во Токио се очекува да настапи и 12 годишната Скај Браун од Велика Британија. Таа ќе се натпреварува во скејтборд.

Заза ќе биде првата натпреварувачка во пинг-понг што ќе ја претставува Сирија на Олимписките игри.

Scroll to Top