Top Sport

Јунајтед погодија со трансферот на Бруно Фернандеш

Трансферот на Бруно Фернандеш барем засега се покажа како пол погодок на Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ во Португалецот вложија 80 милиони евра, а откако тој пристигна во Манчестер, Јунајтед немаат пораз.

Бруно Фернандеш досега одиграл седум натпревари за Манчестер Јунајтед на кои постигнал три гола и забележал две асистенции. Од неговото доаѓање Јунајтед забележале четири победи и три пати одиграле нерешено, а гол-разликата им е 15:2.

Резултатите на Јунајтед со Фернендеш во тимот:

Вулверхемптон 0:0
Челси 2:0
Клуб Бриж 1:1
Вотофорд 3:0
Клуб Бриж 5:0
Евертон 1.1
Дерби каунти 3:0

Scroll to Top