Еден од најдобрите напаѓачи на Евертон, Доминик Калверт-Луин го продолжи договорот со клубот од „Гудисон парк“ на уште пет години, верувајќи во европските амбиции на „карамелите“ под водство на Карло Анчелоти.
22-годишниот Калверт-Луин има постигнато 15 гола оваа сезона и вели дека е горд што става потпис на договор до јуни 2025 година. Тој пристигна во Евертон од Шефилд јунајтед, а посебно доби шанса под Анчелоти, постигнувајќи осум гола во последните 10 меча од Премиер лигата.
„Ова е навистина горд ден за мене. Пресвртот во играта кој го направивме од декември е фантастичен и сега имаме доверба дека можеме да се бориме со најдобрите. Со човек како Карло на чело многу е полесно да се верува во успех. Сакаме во Европа и сакаме успех“, вели Калверт-Луин.
? | “The fans want it, we want it as players, so it’s about coming together and truly believing now that we can achieve.”
Real talk from DCL. ✊
— Everton (@Everton) March 6, 2020