Top Sport

Летгет: Тешко е да играш против Златан, но многу потешко е да си му соиграч

Фудбалерот од средниот ред на Лос Анџелес галаски, Себастијан Летгет не жали што Златан Ибрахимовиќ си заминал од неговиот клуб, велејќи дека сега се подобар тим и дека било фрустрирачки да се игра со шведскиот напаѓач.

38-годишниот Ибрахимовиќ помина две сезони во МЛС лигата, пред во јануари да се врати во Милан, и во 58 меча за американскиот клуб имаше 53 голови, но Летгет вели дека не било убаво да се игра покрај него.

„Без него има подобра атмосфера во тимот, тоа е сигурно. Хемијата меѓу играчите? Ќе дојде и тоа. Со него не можевте да бидете слободни на теренот и беше супер-фрустрирачки. Понекогаш ми доаѓаше да ги соблечам копачките и да си заминам од теренот. Тешко е да се игра против него, но уште потешко е да се игра со него“, вели Аргентинецот.

Во еден интересен момент, во дуелот со ривалите ЛАФЦ, при 3:3 резултат на само шест минути пред крајот, Ибрахимовиќ и Летгет стоеја во живиот ѕид, кога Швеѓанецот го истурка соиграчот.

„Навистина е лудост да се направи тоа на соиграч, вистинска лудост. Му кажував: ’овој е сам, да одам’, и тој ми вели ’стој тука’. Потоа пред да се изведе слободниот удар, тој ме турка! Тоа е моментот кога го покажува вистинското лице“, додава Летгет.

Scroll to Top