Северна Кореја ќе прати спортисти, но и чирлидерки на Зимската Олимпијада во Јужна Кореја следниот месец, откако двете земји ги одржаа првите официјални преговори по пауза од повеќе од две години
Во севернокорејскиот тим покрај спортисти ќе има и артисти и новинари, објави заменикот министер за обединување на Јужна Кореја, Чун Хае-Сунг по преговорите во вторникот, а Јужна Кореја предложи и заедничко учество на Свеченото отварање и затварање на Игрите.
Договорот претставува голем прогрес во преговорите меѓу двете земји по тензиите околу нуклеарните тестови на Северна Кореја, а интересно беше иницирана токму од лидерот на оваа земја, Ким Џонг-Ун.
„Да им дадеме на луѓето подарок за Нова Година. Постои изрека дека патот изоден од двајца трае подолго од тој кој го патуваш сам“, изјави Ри Сон-Гвон, претседелот на комитетот за мирно обединување на татковината на Северна Кореја.
Според јужнокорејските медиуми, покрај двајцата спортисти кои обезбедија пласман на Олимпијадата, поголемиот дел од делегацијата ќе го сочинува официјалниот чирлидерски тим на Северна Кореја, а можна е посета и на Ким Јо-Џонг, помладата сестра на корејскиот лидер.
Двете Кореи претходно имаа заедничко излегување на Свеченото отварање на Летните Олимпијади во Сиднеј во 2000 и Атина во 2004, како и на Зимската Олимпијада во Торино во 2006.