Звонимир Бобан од синоќа не е повеќе спортски директор на Милан. Поранешниот играч на овој клуб седум месеци се задржа на функцијата. Бобан доби отказ по барањето на Иван Газидис, човекот кој е десна рака на американскиот инвестициски фонд.
Милан на местото на Бобан ќе го донесе познатиот Германец Ралф Рагник. Бобан тврди дека Милан не фер кон него.
„Не знаев дека сме во Северна Кореја. Ние во декември се договоривме со Рагник. Јас можам да му посакам се најдобро, но тие мораа да ми кажат, заслужив да бидам известен за нивните планови“, изјавил Бобан за италијанските медиуми.