Top Sport

Јуве го доби Интер во дербито без публика, мајсторски гол на Дибала (Видео)

Јувентус го победи Интер со 2:0 (0:0) во „Дерби дела Италија“ и веројатно го исфрли од трката за шампионската титула. Дербито се одигра пред празни трибини поради ситуацијата со коронавирусот во Италија.

Иако двата тима тргнаа отворено од самиот почеток впечатокот е дека играчите на Интер беа целосно немоќни пред своите противници.

Особено тоа беше забележливо во второто полувреме кога Јувентус ги постигна двата гола.

Првиот гол го постигна Арон Рамзи во 55 минута. Велшанецот најдобро се снјде пред голот на Интер и успеа да го совлада Хандановиќ.

Сите дилеми околу конечниот победник ги реши Паоло Дибала во 67 минута. Аргентинецот изведе вистинска минијатура, прими топка од Бентакур на неколку метри на половината на Интер, откако одигра „дупли пас“ со Роналдо се ослободи од двајца играчи и на брилијантен начин го совлада Хандановиќ.

До крајот играчите на Интер се обидоа но не успеаја посеризно да го вработат Шчешни.

Јувентус со овој триумф се врати на првата позиција со 63 бода, еден повеќе од Лацио, додека Интер е трет со 54 бода.

Scroll to Top