Антонио Конте се надеваше дека со Интер ќе може да го изненади Јувентус меѓутоа не успеа да му се спротивстави на противникот пред празните трибини на Алијанц стадионот во Торино. Јуве победија со головите на Рамзи и Дибала, се вратија на првата позиција и во исто време го отпишаа Интер од борбата за титулата.
„Разликата меѓу нас е шест бода, ако не го сметаме мечот со Сампдорија. Тие шест бода се двата порази од Јувентус. Ќе се обидеме да ги следиме, но од вакви порази треба да научиме нешто. Мораме да растеме. Ова не треба да не обесхрабри“, изјави тренерот на Интер Антонио Конте.
„Зборуваме за Јувентус кој како тим е секоја сезона посилен во изминатите осум години. Секогаш носат играчи со искуство. Не можеме да се споредиме со екипа која осум години доминира во италијанскиот фудбал. Наша цел е да напредуваме од сезона во сезона и нашиот проект да го градиме постепено, година по година за да го дстигнеме нивото на искуство и квалитет кој тие сега го имаат. Во моментов сите се далеку од Јувентус“.
Потоа Конте го анализирал натпреварот.
„Мечот беше израмнет до голот на Рамзи. Подобро го отворивме второто полувреме, но голот на Рамзи смени сѐ, особено на психолошки план. Им ја крена самодовербата, а ја спушти нашата, не се вратиме до крајот. Знаевме дека постои разлика помеѓу двата тима. Мораме да покажеме посилен карактер доколку сакаме да бидеме конкурентни“, заклучил Конте.