Top Sport

Обамејанг бара поголема плата, на потег се Арсенал

Пјер-Емерик Обамејанг би останал во Арсенал под услов клубот да ги исполни неговите финансиски барања. Договорот на Габонецот истекува по завршувањето на наредната сезона, а доколку не потпише нов реалноста е дека Арсенал ќе го продаде. Неодамна тренерот Микел Артета изјави дека би го задржал Обамејанг по секоја цена.

Пјер-Емерик Обамејанг заедно со Џејми Варди од Лестер е прв стрелец во Премиер лигата. Двајцата имаа постигнато по 17 гола.

За да остане во Арсенал, напаѓачот бара сериозно зголемување на плата. Според информациите тој сака 300.000 фунти неделно, односно околу 18 милиони евра годишна плата.

Оваа сума може да биде сериозен товар за клупскиот буџет кој е оптоварен со платата на Месут Езил. Исто така проблем за Арсенал е и можноста и четврта година по ред да не избори пласман во Лигата на шампионите.

Во Премиер лигата Арсенал се деветти додека веќе ги завршија натпреварите во Лига Европа.

Доколку Обамејанг реши за да замине, се претпоставува дека Арсенал од неговиот трансфер ќе може да заработи околу 70 милиони евра. Се шпекулира дека Барселона биле сериозно заинтересирани за поранешниот играч на Борусија Дортмунд.

Scroll to Top