Top Sport

Тим и Андреску најмногу губат од откажувањето на мастерсот во Индијан Велс

Веста дека поради коронавирусот е откажан првиот мастерс турнир во сезоната, Индијан Велс, веднаш го наметна прашањето што ќе се случи со поените. Познато е дека пред секој турнир на тенисерите им се одземаат поените што ги освоиле во претходното издание.

Тенисерите и тенисерките нема да бидат во можност да ги бранат поените освоени минатата година во Индијан Велс. Нема да ги бранат поените во наредните десет дена бидејќи организаторите изразиле подготвеност мастерсот да се одржи во некој друг термин.

Португалскиот новинар Жозе Моргадо на „Твитер“ објави како ќе изгледаат АТП и ВТА листата откако ќе бидат избришани поените од Индијан Велс.

Јасно е дека најголеми губитници се Доминик Тим е Бјанка Андреску минато сезонските победници. Тие ќе останат без 1.000 поени, а утехата за Андреску може да биде тоа што таа поради повреда секако немаше да настапи на турнирот. Истотo важи и за Роџер Федерер кој лани играше во финалето.

Кај мажите Тим ќе остане без 1.000 поени, Федерер без 630, Рафаел Надал лани беше елиминиран во полу-финалето и ќе остане без 360 поени, додека најмалку ќе загуби Новак Ѓоковиќ, бидејќи минатата година беше елиминиран на стартот на турнирот и тој ќе загуби само 45 поени.

АТП листа:

1. Новак Ѓоковиќ 10.175
2. Рафаел Надал 9.490
3. Доминик Тим 6.045
4. Роџер Федерер 6.030
5. Данил Медведев 5.845

ВТА листа:

1. Ешли Барти 8.597
2. Симона Халеп 5.956
3. Каролина Плишкова 4.990
4. Софија Кенин 4.555
5. Кики Бертенс 4.215

Постојат шпекулации дека на мастерсот што следува по Индијан Велс, во Мајами ќе им бидат дуплирани поените на натпрeварувачите, но под знак прашалник поради коронавиусот е и одржувањето на овој мастерс.

Scroll to Top