Иако се веруваше дека е пред трансфер во Интер, холандскиот талент на Манчестер јунајтед, Тахит Чонг ќе остане на „Олд Трафорд“ и е подготвен за нов договор со клубот, вели неговиот агент, Еркан Алкан.
Договорот на 20-годишниот Чонг ќе заврши во текот на летото, а покрај Интер за него беа заинтересирани и Барселона и Јувентус, посебно бидејќи ќе се работи за слободен трансфер, но тој ќе ја искористи новата понуда со плата од 30.000 фунти неделно за да продолжи со развојот во Јунајтед.
„Имаше многу интерес, зборувавме со големи клубови, но Манчестер јунајтед најде добар план за Тахит. Тој сака да остане во клубот кој го донесе од Холандија“, вели Алкан за холандскиот весник „АД“.
Чонг има само 10 настапи за првиот тим оваа сезона, од кој последниот при 5:0 победата над Бриж во меч од Лига Европа на 27 февруари.
Потврдата на договорот пристигна неколку часа подоцна, кога Солскјер изјави дека има голема доверба во холандскиот фудбалер.
„Тахит работи напорно секој ден и постојано станува подобар. Неговите перформанси оваа сезона се показател на посветеноста, работата и карактерот. Мислам дека има блескава иднина со Манчестер јунајтед“, изјави Солскјер.
✍️ @TahithC is here to stay!#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) March 9, 2020