Top Sport

Баерн сака да го откупи договорот на Перишиќ

Баерн Минхен размислуваат да му дадат постојан договор на Иван Перишиќ на крајот на сезоната, откако Хрватот пристигна на „Алијанц арената“ како позајмен фудбалер од Интер.

Перишиќ не се снајде во 3-5-2 системот на Антонио Конте во текот на летото, по што замина во Баерн, каде што постигна 4 гола и имаше 5 асистенции во 15 меча во Бундеслигата. Според „Кикер“, Баерн се доволно импресионирани од 31-годишниот ветеран за да го заддржат на крајот на сезоната.

Перишиќ би ги чинел Баерн 20-тина милиони евра, покрај 5-те милиони кои ги платија за позајмицата.

Scroll to Top